Здрава и свежа кожа: Како соковите може да ви помогнат во грижата за кожата

Кожата е осетлив орган кој најдобро ги покажува знаците на умор од животот. Брзиот начин на живот, стресот, недостатокот од сон, загадувањето и дехидрираноста влијаат на здравјето на кожата, што води до брчки и други несовршености. Сепак, често забораваме дека она што се случува „внатре“, поточно каква храна внесувате, влијае на изгледот надвор, односно како вашата кожа ќе изгледа.


Исхраната која е богата со нутриенти го снабдува телото со витамини, минерали и антиоксиданти, кои се потребни за обновување на клетките на кожата и заштита од разни надворешни фактори. Овошјето и зеленчукот се особено богати со овие важни состојки. Антиоксидантите ги неутрализираат слободните радикали кои го забрзуваат стреењето на кожата. Витамините и минералите играат важна улога за одржување на еластичноста и цврстината на кожата, ообено витамините и Ц и Е, како и цинкот.


Сите знаеме колку е тешко да се храниме идеално. Затоа, свежо-цедени сокови се идеално решение за овој проблем. Тие овозможуваат брзо и лесно да внесете голема количина витамини и антиоксиданти кои ја негуваат кожата, ги намалуваат воспаленијата и го зголемуваат создавањето на колагенот. Соковите од морков, краставица, портокал, цвекло и спанаќ се особено корисни за кожата.