Што е поздраво – "Air-fryer" или класично пржење на храната?

Мирисот на пржена храна е нормален за многу домаќинства. Кога храната ја пржиме во масло, високата температура создава крцкав слој, а ја задржува внатрешноста сочна. Мора да признаеме дека таа комбинација е навистина неодолива.


Сепак, класичното пржење има неколку многу очигледни мани. Пржената храна абсорбира големо количество масло што ја зголемува количината на калории. Дополнително, лошите масти водат до покачен холестерол, обезност и други здравствени проблеми.


Од друга страна, апаратот за готвење на топол воздух нуди здрава алтернатива. Место потопување на храната во масло, се готви со помош на воздух кој циркулира и се добива истата крцкава текстура. Ова го намалува бројот на калории и лошите масти, а ја задржува храната вкусна и крцкава – исто како класичното пржење.


Ваквиот апарат ви овозможува да уживате во крцкава и вкусна храна без негативните аспекти. Ако сакате да го намалите внесот на масти и калории, да јадете поздраво, но и да уживате во вкусните оброци, апаратот за готвење на топол воздух е совршено решение.