Природните сокови помагаат во борбата против настинки и грип

Кашлица, растечен нос, треска, омалаксаност – сите сме ги поминале овие симптоми барем еднаш во животот, особено во сезоната на настинки и грипови. Има повеќе причини за тоа. Некои вируси, како што е грипот, најдобро виреат и се пренесуваат на ладно и суво време. Исто така, во овој период минуваме многу повеќе време во затворени простории и имаме поблизок контакт со луѓето, што ја зголемува шансата вирусот да се пренесе на нас. Дополнително, сувиот воздух ги суши нашите мукозни мембрани во носот и грлото, што овозможува вирусите лесно да навлезат во телото.


Сепак, има едноставен (и вкусен) начин да се подобри вашиот имунитет и да помогнете во борбата против настинката и грипот: свежо-цедени сокови.


Свежо-цедените сокови се богати со витамини, минерали и антиоксиданти кои го зајакнуваат нашиот имунолошки систем и му помагаат на телото да се избори со инфекциите. Редовното консумирање свежо-цедени сокови ја намалува шансата од настинка и го забрзува процесот на оздравување кога симптомите ќе се појават.


1. Сок од портокал: Сокот од портокал е полн со витамин Ц, кој го подобрува имунитетот и му помага на телото да се спротистави на вирусите и бактериите.


2. Сок од ѓумбир и лимон: комбинација позната по своите антивоспалителни својства.


3. Сок од морков: Морковите се богати со бета-каротен кој телото го претвора во витамин А. Дополнително, морковите придонесуваат за здрави мукозни мембрани на респираторниот тракт.


4. Сок од цвекло: Цвеклото е полно со антиоксиданти кои помагаат при детоксификација на телото.


5. Сок од ананас: Ананасот содржи бромелан, кој е ензим што ги намалува воспаленијата и помага при кашлица.