Немате време за здрави диети? Свежите сокови се брза и здрава алтернатива!

Сите знаеме дека балансираната исхрана е најдобра, односно внес на различни здрави продукти, како овошје и зеленчук, зрнеста храна, протеини и здрави маснотии. Сепак, и покрај многубројните препораки, многумина едноставно немаат време за тоа.


Според Светската здравствена организација, повеќе од 39% од возрасната популација во светот има прекумерна тежина. Сепак, обезноста не е единствениот проблем. Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина луѓе на светот не конзумираат доволно овошје и зеленчук. Пред сè, консумираме брза и преработена храна, богата со шеќери, штетни масти и сол, што води до дијабетес, кардиоваскуларни болести и хронични воспаленија.


Ако и вие немате време да подготвувате балансирани оброци, свежо-цедените сокови може да бидат брза и едноставна алтернатива. Иако не се замена за целосно-балансиран оброк, соковите ќе ви помогнат да ги внесете потребните витамини и минерали. Дополнително, соковите го снабдуваат телото и со антиоксиданти и вода, кои се круцијални за да имате енергија, силен имунитет и да бидете здрави.