Намалете го холестеролот со помош на "Air-fryer": Здрави оброци без дополнителни масти
Холестеролот е тип на маснотија која телото ја создава природно, но, исто така, го консумираме и преку храната, особено преку месото. Холестеролот е важен за создавање на клетките и хормоните, но премногу лош LDL холестерол може да создаде масни наслаги во артериите. Овие наслаги го зголемуваат ризикот за срцев удар и срцеви проблеми. Според некои статистики, околу 40% од возрасните ширум светот имаат покачено ниво на холестерол.
Оброците богати со заситени масти, како пржената храна, се оние кои се главни предизвикувачи на висок холестерол. Традиционалното пржење значи користење на големи количества на масло, што значително го зголемува внесот на калории и лоши масти. Затоа препорачуваме користење на „Air-fryer“.
Апаратот за готвење на топол воздух или „Air-fryer“ користи многу малку или воопшто масло. Храната го задржува својот оригинален вкус и крцкавост, но е многу поздрава. Готвењето со ваков апарат е идеално за да се намалат нездравите маснотии, да се задржи здраво ниво на холестерол и да се подобри здравјето на срцето.