Како да го намалите внесот на калории во исхраната?

Пржени компирчиња, пржено месо, солени грицки или слатки, сè е ова храна која е дел од исхраната на многу луѓе. Иако се вкусни, овие производи содржат многу калории, а процесираната храна е направена да нè натера да јадеме уште повеќе. Кога внесуваме повеќе калории од она што ни е потребно, нашето тело ги складира во форма на масти. Оваа еволуциска адаптација им овозможила на нашите претци да преживеат подолги периоди без пристап до храна. Сепак, денес има храна во изобилие и ретко чувствуваме вистински глад, што води до дебелеење и проблеми како обезност.


Накратко, често внесуваме многу повеќе калории од она што е потребно, а идеално решение за тоа е апаратот за готвење на топол воздух или „Air-fryer“.


Овој апарат користи циркулација на топол воздух, овозможувајќи храната да се подготви со малку или воопшто масло. Тоа значи дека сè уште можете да уживате во омилените компирчиња или пилешко кои ќе бидат крцкави и вкусни, но без штетните материи.


Дополнително, поседувањето на „Air-fryer“ многу веројатно ќе го намали внесот на пржени состојки. Најверојатно ќе готвите повеќе дома отколку да нарачувате надвор. Сето тоа ќе ви помогне да го намалите внесот на калории и да ја постигнете посакуваната тежина.