5 сокови кои се одлични за чистење на црниот дроб

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото. Има повеќе функции, вклучувајќи и прочистување на токсините од крвта, чување на витамините и минералите а ја создава и жолчката. Црниот дроб нема да функционира нормално доколку го преоптоварите, токсините ќе се собираат низ телото, што ќе доведе до умор, дигестивни проблеми и други посериозни здравствени тегоби.


Брзиот начин на живот, секако, е проблематичен за џигерот, односно црниот дроб. Во нашата исхрана често има преработена храна и шеќери, која ја надополнуваме со алкохол, потоа стрес, но и недостаток од сон. Токму затоа е важно да се консумира храна која ќе му помогне на џигерот да работи беспрекорно. За тоа се одлични следните сокови:


1. Сок од цвекло: Цвеклото содржи бројни антиоксиданти и нитрати кои помагаат во прочистувањето на џигерот и ја подобруваат неговата циркулација.


2. Сок од јаболко: Сокот од јаболку содржи пектини, природни влакна кои придонесуваат за елиминација на штетните супстанци од дигестивниот систем.


3. Сок од лубеница: Богата со вода и антиоксиданти како моќниот глутатион, лубеницата е уште еден одличен избор за прочистување на џигерот.


4. Сок од ананас: Ананасот го содржи ензимот бромелен, кој го подобрува варењето и ги намалува воспаленијата, што го прави сокот од ананас идеален за детоксификација на црниот дроб.


5. Сок од цитрон: Цитронот е полн со витамин Ц и антиоксиданти кои ги активираат ензимите на џигерот.