5 идеи за вкусни и здрави грицки

Сакате да грицкате, но здрави грицки? Одлично, бидејќи подготвивме пет идеи за вкусни и здрави грицки кои може да ги направите во „Air-fryer“


1. Чипс од тиквички: Исецкајте ја тиквичката на тенки парчиња и истапкајте ги со сува хартија или крпа. Потоа посипете маслиново масло и додадете зачини, како сол, бибер и црвен пипер. Ставете ги во апаратот за готвење на топол воздух на 180 степени и гответе ги 10-15 минути додека не станат крцкави. Ваквиот чипс е здрава верзија на класичниот, има многу растителни влакна и многу малку калории.


2. Крцкава леблебија: Земете свежа леблебија и исушете ја. Додадете маслиново масло и зачини по ваш избор (сол, лук во прав, чили). Гответе ги во „Air-fryer“ на 200 степени околу 15-20 минути и повремено затресувајте ја корпата во која стојат, додека не добијат златно-кафена боја и крцкавост. Вака подготвената леблебија е богата со протеини и влакна и целосно здраво решение.


3. Благ компир во „Air-fryer“: Излупете го компирот и исецкајте го на тенки стапчиња, како помфрит. Посипете ги со малку маслиново масло и зачинете ги со сол, бибер и црвен пипер. Ставете ги во апаратот на 190 степени околу 15-20 минути, додека не добијат крцкава текстура однадвор, а останат сочни одвнатре. Оваа верзија на помфит од благи компири е богата со растителни влакна и витамин А.


4. Крцкав чипс од зелка (Kale): Измијте ги ливчињата, детално исушете ги и отстранете ги дршките. Посипете ги со маслиново масло и малку морска сол. Гответе ги во „Air-fryer“ на 150 степени околу 8-10 минути додека не станат крцкави. Ваквиот чипс е многу богат со антиоксиданти, витамин Ц и витамин К.


5. Мини крцкава моцарела: Исушете ги свежите моцарела топчиња и обложете ги со брашно, потопете ги во матено јајце и лебни трошки. Потоа додадете зачин по ваш вкус. Ставете ги во „Air-fryer“ на 190 степени 5-7 минути додека не добијат златно-кафена боја. Треба да бидат крцкави однадвор, но сирењето да остане стопено внатре. Ваквите моцарела топчиња се совршено лесно мезе, полно со протеини, а може да го послужите со доматен сос.